Цените на угостителските услуги зголемени за 0,4 проценти

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ јули годинава, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4 проценти, а за тој износ се зголемиле и споредено со декември минатата година.

Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика покажуват дека цените на угостителските услуги во јули во однос на јуни годинава се намалени за 0,3 проценти, а за толку се зголемени споредено со јули лани.

Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика покажуват дека споредено по групи на услуги, зголемување на цените во јули во однос на јуни е забележано во групите „храна”, за процент, „алкохолни пијалаци” за 1,3  проценти, како  и „безалкохолни пијалаци” за 0,8 проценти. Во групата „ноќевања” е забележано намалување за 4,9  проценти, кое има најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот