Coстојките на зелениот чај можат да ги уништат клетките на ракот

Познато е колку е здрав зелениот чај, но научниците сега открија дека неговите состојки можат да предизвикаат процес што е способен да ги поправи оштетувањата на ДНК или да ги уништи клетките на ракот.

Антиоксидансот што се наоѓа во зелениот чај може да го зголеми нивото на „P53“ – природен антиканцероген протеин познат како „чувар на геном“, поради неговата способност да ги поправи оштетувањата на ДНК или да ги уништи клетките на ракот.

unsplash

Ова откритие кое произлезе од студија за директна интеракција помеѓу „P53“ и составот на зелениот чај, епигалокатехин галат „EGCG“ им покажа на експертите дека се блиску до откривање на лекови против рак.

Нов пат за развој на лекови против рак

И молекулите „P53“ и „EGCG“ се исклучително интересни. Мутациите во „P53“ се наоѓаат во повеќе од 50% од човечките карциноми, додека „EGCG“ е главниот антиоксиданс во зелениот чај. Сега откриваме дека постои претходно непозната, директна интеракција меѓу нив, што укажува на нов пат за развој на лекови против рак. Нашата работа ќе помогне да се објасни како „EGCG“ е во состојба да ја зајакне антиканцерогената активност на „P53“, отварајќи ја вратата за развој на лекови со соединенија слични на „EGCG“, објаснува Чунју Ванг, професор по биолошки науки на „Rensselaer School of Science“.

Природниот протеин „P53“ има неколку антиканцерогени функции, вклучително и запирање на растот на клетките за да се овозможи регенерација на ДНК, активирање на „поправки“ на ДНК и активирање на програмирана клеточна смрт, наречена апоптоза, доколку оштетувањето на ДНК не може да се санира.

„EGCG“ е природен антиоксиданс, што значи дека помага да се отстранат скоро трајните штети во организмот. Го има во изобилство во зелениот чај.

Керт Бренеман, декан на Факултетот за наука во Ренселер, истакна дека со развивање на овој механизам на молекуларно ниво, кој контролира клучни биохемиски интеркации поврзани со разорни болести како што се рак и Алцхајмерова болест, истражувањето на професорот Чунју Ванг ја поставува основата за нови и успешни терапии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот