Чудо или измама: Во еден ден стотици добитници на џекпот на Филипините

Филипини лотарија/ Фото PHILIPPINE CHARITY SWEEPSTAKES OFFICE

Лотарија на Филипините, на која 433 луѓе постигнаа џекпот, ги изненади граѓаните, но и ги поттикна властите да започнат истрага за случајот, пренесува Би-Би-Си.

Ова е најголемиот број на луѓе што некогаш ја освоиле главната награда на „Гранд Лото“, пишуваат локалните медиуми.

Добитната комбинација за џекпотот од 236 милиони пезоси (4 милиони долари) минатиот викенд беше серија од броеви кои беа деливи со девет.

Лидерот на малцинството во сенатот на Филипините, Коко Пиментел, повика на истрага за „сомнителните“ резултати.

Еден експерт изјави дека под претпоставка биле поставени 10 милиони облози, а тој проценил дека веројатноста да има толку победници е „1 од 1 проследено со 1.224 нули“.

„Не знам име за овој број бидејќи е толку голем. Бројот на молекули во познатиот универзум има 80 нули“, рече Гуидо Дејвид, професор по математика на Универзитетот на Филипините.

Учесниците во лотаријата избираат шест броеви од 1 до 55. За да го освојат џекпотот, сите шест броеви на играчот треба да се совпаѓаат со оние извлечени од операторот на лотаријата.

„Овие игри се овластени од Република Филипини. Затоа, треба да го задржиме и заштитиме интегритетот на овие игри на среќа“, рече Пиментел.

Во неделата, Мелкиадес Роблес, генерален директор на филипинската добротворна наградна канцеларија (ПСЦО), рече дека нема неправилности и истакна дека луѓето на Филипините имаат тенденција да се обложуваат на низа на броеви.

„Многумина се држат до својот број. Не е добро само да им се лојални на своите сопруги и сопрузи, туку е добро и да се биде лојален на своите бројки“, рече Роблес на прес-конференција.

ПЦСО, исто така, сподели фотографии и видеа од луѓе кои ги собираат своите парични награди во градот Мандалујонг, блиску до главниот град Манила.

„Се обложувам на број 6,7,8 и 9 многу години и благодарен сум што конечно победив“, рече еден победник.

Теренс Тао, професор по математика од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, изјави за Би-Би-Си дека образецот како овој да биде добитна серија на броеви е редок „за која било лотарија“.

„Но, има стотици лотарии секој ден ширум светот, и статистички не би било чудно што на секои неколку децении, една од овие лотарии би покажувала необична шема“, рече тој.

„Тоа е слично на тоа како во која било дадена рака на покер нема да биде веројатно да се добие прав флеш, но ако се погледнат стотици илјади раце одеднаш, тогаш всушност станува сосема веројатно дека ќе се добие флеш“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот