Членови на нарко-картел со автоматски пушки упаднаа во болница (ВИДЕО)

Моментот кога воoружени лица, членови на нарко картел влегуваат во болница и киднапираат пациент во болчнички кревет е снимен од безбедносните камери во самата болница во Мексико.

Седум лица со маски, за кои се претпоставува дека се дел од картелот Санта Роса де Лима, се гледа како влегуваат во една соба во болница во Гуанајуато. Тие го држат во заложништво чуварот и го терат да каже каде е лицето кое го бараат.

Потоа, на видеото, се гледа како членовите на картелот го вадат надвор пациентот со болничкиот кревет, а само неколку часа подоцна, овој пациент е пронајден на улица, завиен со бел чаршаф и масакриран.

https://www.youtube.com/watch?v=zldiOEf3DdU

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот