ЧИТАТЕ ЛИ КНИГИ? (ЖИМИ МАЈКА!): Анкета на „Слободен печат“

Bookshop Bokeh

Ги прашавме нашите сограѓани едно многу едноставно, дури и нежно, културно прашање  -„Дали читаат книги“. Да бидеме искрени, попатно, си собравме куп „корпи“. Па, човек сериозно да се замисли колку ваквите најобични прашања, во последно време, ни станаа толку многу туѓи.

Како изгледаа нашите куси средби со сограѓаните? Ние, рака на срце, бевме разоружани, освен ако не се земе предвид насмевката, микрофонот и камерчето, а тие беа воозружени со страв „до коска“. И тоа само поради најчудното прашање кое го слушнале.

„Читате ли книги?“

Магла, џенем, штрафта, наместо одговор.

Како да си вперил пиштол, па прашуваш „носите ли паричник“? (На ова, веројатно, полесно се одговара, или пак, за ова, и „се тепа“).

Таква е сликата на денешното Скопје, во строгиот центар на градот.

Следуваа и лесни прашања од типот – кои македонски автори ви се омилени, читате ли книги од нашите автори, им читате ли на вашите деца или внуци детска литература, па дури и „пердув“ прашања од типот – именувајте барем еден македонски автор, барем еден наслов на книга од било кој жанр, од било кој класичар, романтичар, модернист, надреалист…, накусо, било-што „гукнете“ на тема КНИГА.

Ако сепак, нешто се „гукне“, се знае насловот на книгата, ама не се знае кој ја напишал, и обратно, ако се знае авторот не се знае името на ТОМОВИТЕ кои ги прочитале од него.

Чест на малкумината, на кои, ете, им „симнуваме капа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот