Чешката партија АНО преминува во опозиција

Избори во Чешка/ Извор: МИА

Чешката владејачка партија АНО очекува да премине во опозиција, откако двете опозициски коалиции освоија мнозинство во Парламентот на изборите минатиот викенд.

Високиот претставник на АНО, Јарослав Фалтинек, изјави пред новинарите дека неговата партија нема да се обиде да го блокира трансферот на власта.

– Можеме да сметаме на 108 мандати кои ги освои опозицијата, истакна Фалтинек.

Тој, од друга страна, одби да каже дали АНО, која е најголемата единечна партија со 72 места во 200-члениот Парламент, ќе се откаже од обидот да учествува во формирањето влада.

– Тоа прашање е за премиерот и претседателот, одговори Фалтинек.

Премиерот Андреј Бабиш изјави дека претседателот Милош Земан му рекол дека тој, како шеф на најголемата партија, ќе добие можност да формира влада, и покрај тоа што во Парламентот се соочува со опозициско мнозинство.

Иако коалициите Заедно и Пирати/СТАН имаат мнозинство од 108 пратеници и повторија дека ниту една од партиите нема намера да влезе во евентуална влада со актуелниот премиер, туку заедно ќе формираат влада, Бабиш додаде дека ќе прифати доколку претседателот Земан му го довери мандатот да се обиде да формира влада.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот