Чешка ќе започне со вакцинирање на сите над 16-годишна возраст од 1 јуни

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиќ изјави дека Чешка сака да започне со регистрација на лица над 16 години за вакцинација против ковид-19, најдоцна до 1 јуни.

Во моментов, чешките граѓани коишто се над 55 години можат да се вакцинираат, како и помладите хронични пациенти, додека регистрациите за оние на возраст од 50 до 54 години започнуваат во среда.

Чешка, која е земја со 10,7 милиони жители, неодамна го надмина прагот од еден милион целосно вакцинирани лица против ковид-19, а 2,17 милиони ја примија првата доза.

– Во Чешка има околу 690 000 лица во возрасна група помеѓу 50 и 54 години. Доколку вакцинацијата се одвива според планот, возрасната граница може да се намали за пет години секоја недела, објави агенцијата ЧТК.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот