Чешка ја запиша првата победа на Европското одбојкарско првенство во Скопје

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Стартуваше и второто коло од групата „Ц“ на Европското одбојкарско првенство во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ Чешка триумфираше со резултат 3:1 во сетови против Данска.

Првиот сет го доби Чешка убедливо со 25:15, следуваше израмнување откако Данска го освои вториот сет со 25:23. Потоа, третиот сет кој донесе најголема неизвесност (29:27) им припадна на чешките одбојкари, а триумфот го обезбедија во четвртиот сет (25:22).

Во победничките редови Марек Сотола имаше 24 поени, следен од Јан Галабов со 17, а на спротивната страна Расмус Бреунинг Нилсен запиша 26 поени.

Тоа е прва победа за Чесите на континенталниот собир, откако на стартот загуби од Полска (0:3), а веќе втор пораз за Данците кои во првото коло кои беа совладани од најдобрите македонски одбојкари (1:3).

Од 20.00 часот вечерва е дербито во групата помеѓу селекциите на Холандија и Полска.

Моментно по три бодови имаат Полска (3:0), Холандија (3:0), Македонија (3:1) и Чешка (3:4), на петтата позиција е Црна Гора (0:3), а последна е Данска (2:6).

Се одиграа уште три меча, Турците по вторпат се поразени во групата „Д“ овојпат од Романија со 3:2, потоа во групата „Б“ Словенија го оствари и вториот триумф откако ја совлада Финска (3:0), а вторпат се радуваат и Германците кои со 3:0 ја надиграа Швајцарија.

Евроволеј 2023, Никола Ѓоргиев: Ова е само почеток, горд сум што почнавме триумфално

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот