Чешка ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Прага, Чешка/Фото: EPA-EFE/Balazs Mohai HUNGARY OUT

Чешка ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија поради влошување на безбедносната состојба, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи.

„Со оглед на воената инвазија на Руската Федерација во Украина што е во тек и можната закана за влошување на безбедноста во земјата, особено за граѓаните на државите членки на ЕУ и НАТО, чешкото Министерство за надворешни работи силно повикува на напуштање на територијата на Руската Федерација”, се наведува во соопштението.

Изминатите денови ист повик за своите граѓани упатија и други членки на Европската Унија, вклучувајќи ги Полска, Романија и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот