Челси се повампири, подготвува 150 милиони евра за нов дефанзивец

Матијс Де Лихт, фудбалерот на Јувентус/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Актуелниот европски шампион во изминатиот преоден рок се обиде да донесе елитен штопер, но не успеа во намерата и управата се подготвува за идното лето.

Главна цел во летниот преоден рок на Челси му беше купување на елитен дефанзивец кој игра на штоперската позиција,но не успеа во намерите. Прва мета беше капитенот на ПСЖ, Маркињос за кого подготвија 100 милиони евра, но управата на „светците“ одби да преговара со Челси за евентуален трансфер.

Потоа „сините“ се обидоа да се договорат со Севиља за Жил Кунде за кого понудија 50 милиони евра. Оваа понуда беше веднаш беше одбиена од спортскиот директор на Севиља, Мончи кој знаејќи колку Челси понуди за Маркињос, очекуваше поголема сума, односно 80 милиони евра.

Но, челниците на Челси не ја зголемија понудата и одлучија наредното лето да потрошат вистинско богатство на елитен дефанзивец. Изборот падна на Матијс де Лихт од Јувентус кого менаџерот на Челси, Томас Тухел има голем респетк и сака тој да биде новиот столб на одбраната од наредната сезона.
Де Лихт има договор до 2024 година со Јувентус и има  откупна клаузула која воопшто не е мала, 150 милиони евра.  Но, според „Дејли Мејл“, Челси е подготвен да ја плати откупната клаузула.

Весникот наведува дека многу работи ќе зависат и од Антонио Ридигер, односно дали германскиот репрезентативец ќе потпише нов договор или на крајот од сезоната ќе си замине. Според последните информации, Ридигер ја одбил последната понуда на Челси која изнесувала 150.000 фунти неделно и бара плара од 200.000 фунти неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот