Челси носи засилување од Манчестер сити
Екипата на Челси обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шамионите, а со доаѓањето на Томас Тухел, екипата стана непобедлива, имаат 13 натпревари без пораз и сигурно е дека на утрешната жрепка сите ќе сакаат да ги избегнат „сините“ од Лондон.
– Сите ќе сакаат да не избегнат, нема да сакаат да играат против – изјави Тухел по победата над Атлетико Мадрид.
Но, управата на тимот заедно со Томас Тухел веќе се подготвуваат за наредната сезона и на лето планираат да ангажираат уште еден врвен напаѓач.
Тие се подготвени да го испратат Тимо Вернер и 50-60 милиони евра во Борусија во замена за Ерлинг Халад, но тој трансфер нема да се реализира бидејќи мислите на Норвежанецот се кој Барселона и Реал Мадрид.
„Сините“ наводно добиле уште една „корпа“, понудиле 50 милиони евра за Пауло Дибала, но таа сума е недоволна за Јувентус да се согласи да го продаде Аргентинецот.
Поради тоа, тие ќе се обидат со сите сили да дојдат до уште еден Аргентинец, Серхио Агуеро.
Како што пишуваат англиските медиуми, Агуеро се двоуми дали да седне на преговори со Барселона, бидејќи сака да остане во Премиер лигата.
Аргентинецот е дамнешна желба на „сините“, пред 11 години, имаше понуда од Челси, но го избра Манчестер сити од каде на лето си заминува како слободен играч и тој податок сака да го искористи Тухел и во својот тим да го донесе најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата кој е странец.