Чедомир Јовановиќ повторно примен во болница

Чедомир Јовановиќ/ Фото: Фејсбук

Лидерот на Либерално демократската партија во Србија, Чедомир Јовановиќ е примен денеска во болница, дознава Блиц.рс.

Како што пренесуваат тие, Јовановиќ е хоспитализиран заради воспаление на белите дробови.

Тој во јули минатата година беше во инфективна клиника во Белград заради инфекција со ковид-19 од која успешно закрепна, при што имаше тешко воспаление на белите дробови.

– Исцрпен сум, за време на викендот запревме ширење на воспалението на белите дробови, кислородот ме спаси и уште ми е неопходен за да ги одморам белите дробови кои се борат со вирусот. Полека ја спуштаме температурата и го смируваме крвниот притисок, наведе по приемот во болницата во јули Јовановиќ на Твитер.

Чедомир Јовановиќ приклучен на кислородна поддршка?

Тој по излегувањето од болницата зборувал за својата борба со коронавирусот, наведувајќи дека цело време на ум му било да не ги зарази другите.

– Пријателите и фамилијата ги загрози, за тоа размислував повеќе отколку на било што друго. Ние како општество правевме многу погрешни чекори, обично сме паметни кога ја удираме главата од ѕид. Болеста не бира. Голема е одговорноста кога ќе разберете дека загрозувате некого, рекол тогаш Јовановиќ и додал дека персоналот бил внимателен и одговорен.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот