Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем, ќе чини 1,3 милијарди евра

Владата планира да ги гради хидроелектраните Чебрен и Галиште со парите од британскиот заем, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Инвестицијата, како што рече, е 1,2-1,3 милијарди евра.

„Единствено за кое преговараме од стратешки аспект се изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, планираме да го работиме со парите од британскиот заем. Инвестицијата е 1,2-1,3 милијарди евра. Силно сум убеден дека не само од аспект на производство на електрична енергија ни се потребни овие две хидроцентрали“ рече Мицкоски.

Тој нагласи дека имајќи ги предвид климатските промени за иднина ќе се потребни овие два нови резервоари за вода.

„Убеден сум дека овие два резервоари за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за тиквешко поле, 55- 60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување, а којшто во одредени периоди во годината изостанува со вода па се намалува родот и приносот“ додаде тој.

Имајќи ја предвид околијата на Мариово, вели Мицкоски, која што претставува „црна дупка“ и е ненаселена, а имајќи предвид дека овој предел е опкружен со планини, можеме да развиваме и туризам. Тој рече дека веќе има заинтересирани приватни инвеститори да го опременат со придружни содржини целиот тој простор.

Ова е стратешки проект, сумираше премиерот на собраниската расправа, којшто нема да заврши во мандатот на оваа влада, ова е проект којшто ќе трае неколку децении, но е проект којшто треба да донесе голема додадена вредност во државава. Парите се обезбедуваат преку евтини заеми како државна инвестиција, а останатото под пазарни услови и директни приватни инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот