Централната банка на Украина ја намали основната каматна стапка на 22 отсто

Фото: МИА

Народната банка на Украина (НБУ) ја намали основната каматна стапка за првпат од почетокот на руската инвазија пред повеќе од 17 месеци, јави ДПА. Украинската централна банка објави дека ја намалува основната каматна стапка од сегашните 25 на 22 отсто.

Новата стапка ќе важи од 28 јули. Силното задржување на инфлацијата и стабилната состојба на девизниот пазар го дозволија овој чекор, објаснуваат експертите на банката. Од почетокот на годината, годишната инфлација во Украина се намали од 26 отсто на 12,8 отсто во јуни. Прогнозата на банката за просечната стапка на пораст на потрошувачките цени во 2023 година е ревидирана надолу на 10,6 отсто, додека претходно беше прогнозирана на 14,8 отсто.

Изгледите за економски раст се зголемени од 2 отсто на 2,9 отсто. Меѓутоа, во 2022 година, украинското економско производство падна за над 29 проценти поради ефектите од војната. Од почетокот на годината Украина доби околу 27 милијарди долари во форма на заеми и помош од странство. Како резултат на тоа, девизните резерви на земјата се искачија на историски максимум, што е еквивалентно на повеќе од 39 милијарди долари на крајот на јуни, објави и Народната банка на Украина. Во текот на годината банката очекува уште 42 милијарди долари во форма на девизи, пренесе БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот