Средношколците медицинари од Гостивар бараат стипендии за дуалните паралелки

Учениците во прва година во средното медицинско училиште „Гостивар“ со протест во училишниот двор, денеска упатија пораки дека се дискриминирани во однос на другите врсници кои учат во дуални паралелки и нема да добиваат стипендии од Министерството за образование и наука. Тие побараа да им бидат прифатени пријавите на огласот на Министерството за образование и …

Средношколците медицинари од Гостивар бараат стипендии за дуалните паралелки Read More »

Пендаровски и Сиљановска-Давкова утре на тв-дебата

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе се соочат на тв-дебата пред вториот круг на претседателските избори закажани на 8-мај. Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова утре, вторник 30 април, ќе бидат гости во ТВ21, а дебатата започнува во 21 часот и 15 минути. Како што информираат од телевизијата, секој кандидат на почетокот …

Пендаровски и Сиљановска-Давкова утре на тв-дебата Read More »

Уапсени двајца македонски државјани за внесување фалсификувани бланко документи во Грција

Двајца македонски државјани биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи. Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата …

Уапсени двајца македонски државјани за внесување фалсификувани бланко документи во Грција Read More »

Народна банка работи на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Главниот супервизор за информациските системи на Народната банка, Горан Јанкоски вели дека во тек се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност, со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни …

Народна банка работи на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста Read More »

Дипломатскиот клуб го одбележа јубилејот 55 години од формирањето на македонската дипломатија и денот на МНР

Со засадување дрвце пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот центар во Пелинце членовите на Дипломатскиот клуб го одбележа 29 Април – Денот на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и 55 годишнината од формирањето на македонската дипломатска служба. -Садењето на дрво се смета за симбол на постојаноста на оваа служба и нејзиниот …

Дипломатскиот клуб го одбележа јубилејот 55 години од формирањето на македонската дипломатија и денот на МНР Read More »

Ден на македонската дипломатија – 55 години од основањето на Министерството за надворешни работи

Министерството за надворешни работи денеска одбележува 55 години постоење. По повод Денот на Министерството за надворешни работи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција, а вчера дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија со садење дрво пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце. Македонската …

Ден на македонската дипломатија – 55 години од основањето на Министерството за надворешни работи Read More »

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија

На верскиот празник Цветници, во пресрет на Велигден, денеска беше осветен крстот во Драчево, висок 63,5 метри и е втор по големина во државата. Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. На настанот присуствуваат градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, како инвеститор на …

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија Read More »

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на најпознатиот македонски драматург Горан Стефановски, преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“ на културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод неговиот роденден. Присутните ја проследија и промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски, а …

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски Read More »

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад?

Конечно се тргна искинатата церада од фонтаната „Воин на коњ“ и започнаа подготовките за нејзино пуштање во функција. Кога тоа ќе се случи, засега е неизвесно, затоа што на тоа прашање не одговараат ниту од Град Скопје, ниту од ЈП „Водовод и канализација“, претпријатието надлежно за одржување на фонтаните. Минатата година фонтаната накратко беше пуштена …

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад? Read More »

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц

Во услови кога јавниот автобуски превоз не функционира според потребите на граѓаните, односно на некои линии возилата се нередовни, па се чека и половина час, граѓаните што како алтернатива ги користат услугите на таксистите се жалат дека во Скопје тешко се наоѓа такси и вистинска среќа е диспечерот да ви соопшти дека има слободно возило. …

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц Read More »

Без струја неколку скопски општини

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец. Во периодот од 09:00 …

Без струја неколку скопски општини Read More »

Додик ќе побара од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница. Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина …

Додик ќе побара од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ Read More »

Радев стави вето на измените на Законот за поттикнување инвестиции

Бугарскиот претседател Румен Радев го искористи правото на вето на одредени одредби од Законот за поттикнување инвестиции, кои го загрозуваат уставно загарантираното право на бугарските граѓани на здрава животна средина, соопшти прес-секретарот на шефот на државата. Радев без да ја оспорува потребата од забрзување на изградбата на објектите од стратешко значење, на нова расправа во …

Радев стави вето на измените на Законот за поттикнување инвестиции Read More »

Тахири: Курти ги расипа односите со Америка затоа што не се координира за мали прашања

Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири побара од премиерот Албин Курти да објасни како е можно Косово, кое беше нападнато од Србија, да биде казнето со санкции од Европската Унија и опоменато од Соединетите Американски Држави, додека Србија „која е агресорот, останува неказнета“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во …

Тахири: Курти ги расипа односите со Америка затоа што не се координира за мали прашања Read More »

Во вторник на барање на Русија ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина, тврди Дачиќ

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјавил дека Предлог-резолуцијата за геноцидот во Сребреница е „непромислен гест“ со цел да се изврши притисок врз Србија, дека коспонзорите на резолуцијата сигурно нема да се откажат, како и дека гласањето сигурно нема да се одржи на 2 мај, пишува „N1“. Во гостувањето на српската „ТВ Прва“, …

Во вторник на барање на Русија ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина, тврди Дачиќ Read More »

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, полоша е само Бугарија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, рече дека Хрватска е дното на ЕУ, кога се гледаат поранешните социјалистички земји, а Бугарија е единствената полоша. Милановиќ изјави дека на Хрватска и треба децентрализација . „За жал, нивото на децентрализација во Хрватска е нула. Тоа не беше можно пред триесет години, особено не за време на војната, и …

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, полоша е само Бугарија Read More »

Тинејџерите уапсени во Сиднеј планирале со оружје да напаѓаат Евреи

Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј, покажа полициската истрага, објавија денеска австралиските локални медиуми. Петмина тинејџери, на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот беа обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, вклучително и заговор за …

Тинејџерите уапсени во Сиднеј планирале со оружје да напаѓаат Евреи Read More »

ФОТО | Пукање во Русија: Убиени петмина милитанти кои фрлиле бомба кон полицијата, загинаа и двајца полицајци во престрелката

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица биле повредени, соопшти денеска полицијата на Телеграм. Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите од автомобилот фрлиле бомба кон патролата на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје. Во конфликтот загинаа …

ФОТО | Пукање во Русија: Убиени петмина милитанти кои фрлиле бомба кон полицијата, загинаа и двајца полицајци во престрелката Read More »

Австралискиот премиер семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените. Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од …

Австралискиот премиер семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“ Read More »

На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација

На преговорите во Каиро заедно со делегацијата на Хамас „за да се забрза процесот“ била поканета и израелска делегација, пренесува Тајмс оф Израел. Претходно вчера, висок функционер на Хамас потврди дека делегација на Хамас денеска ќе го посети Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа. Тој, исто така, истакна дека немаат „поголеми …

На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација Read More »

Зеленски побара побрза испорака на воената помош, но и пристапување на Украина во ЕУ и НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од меѓународната заедница побрза испорака на поголема воздушна одбрана и започнување на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија и НАТО. Украинските сили се соочуваат со влошена ситуација на истокот на земјата и чекаат испорака на оружје од САД, откако Конгресот го одобри пакетот помош од 61 милијарда долари …

Зеленски побара побрза испорака на воената помош, но и пристапување на Украина во ЕУ и НАТО Read More »

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Појасот Газа

Саудиска Арабија повика на регионална „стабилност“, предупредувајќи на геополитичките ризици и ефектите од тековната војна на Израел врз Газа врз глобалните економски чувства на почетокот на самитот на кој присуствуваа голем број посредници од Газа. Американскиот државен секретар Антони Блинкен, палестинските лидери и високи функционери од други земји, кои се обидуваат да посредуваат за примирје …

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Појасот Газа Read More »

Меѓународна организација на трудот: Жештините годишно убиваат 19.000 работници во светот

Климатските промени создаваат низа опасности кои можат да влијаат на 70 отсто од светската работна сила, заклучува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во својот најнов извештај. Според проценките на организацијата, годишно 19.000 луѓе ширум светот умираат поради изложеност на прекумерна топлина на работното место. Поради екстремната топлина и ултравиолетовите зраци, кои можат да предизвикаат здравствени …

Меѓународна организација на трудот: Жештините годишно убиваат 19.000 работници во светот Read More »

Народна банка работи на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Главниот супервизор за информациските системи на Народната банка, Горан Јанкоски вели дека во тек се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност, со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни …

Народна банка работи на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста Read More »

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4934 денари, а на американскиот долар 57.3954 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 71.8020 денари.

Земјите на Брикс со повисок економски раст од Г7 во 2024

Земјите од БРИКС се сметаат за петте најголеми економии во развој во светот, а проектираниот развој на дел од членките на оваа групација далеку ги надминува оние на земјите кои и припаѓаат на групацијата Г7, кои традиционално се сметаат за најразвиени економии, анализира Пари.мк Првично, терминот БРИК го користеа економистите кога зборуваа за економиите во …

Земјите на Брикс со повисок економски раст од Г7 во 2024 Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ во пресрет на 27 април – роденденот на великанот на македонската драма. -Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат …

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“ Read More »

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“

Премиерата на претставата „Мац, мац“ која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес, како и германскиот Гете институт, ќе се случи на 26 април во Велешкиот театар. Целта на овој проект е да …

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ Read More »

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Во Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 20 ч. ќе се отвори првата самостојна изложба на Јана Николовска – „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“. Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор. Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат …

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“ Read More »

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара

На 6 и 7 април во Анкара се одржа мандонски фестивал на кој учествуваше и „Мандолинскиот оркестар“ – Скопје, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри. -Нашиот подмладен оркестар на возраст од 12-17 годишна возраст беа ѕвезди на фестивалот во Анкара на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со овации …

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара Read More »