Османи од утре во посета на Финска

Бујар Османи во ОН/ Фото: ОН/Manuel Elías

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи.

Од МНР информираа дека во рамки на посетата Османи ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен и со претседателот на финскиот Парламент, Јуси Хала-ахо.

За време на престојот во Хелсинки, како што најавија од МНР, Османи ќе го потпише Меморандумот за пристапување на Република Северна Македонија во Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, со седиште во Хелсинки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот