Бундеслигата завиена во црно, почина претседателот на Хофенхајм

твитер

Долгогодишниот претседател на Хофенхајм и клупска играчка легенда, Петер Хофман, почина во 61. година леукемија. Германските медиуми објавија дека Хофман починал во петокот вечерта.

На легендата да Хофенхајм кон крајот на минатата година му беше откриено дека боледува од леукемија, но здравствената состојба ву се влошила неодамна. Тој минатиот месец бил хоспитализиран во клиника во Хајделберг каде што и починал.


Петер Хофман во последните две ипол децении ја извршуваше претседателската функција во бундеслигашот.
„Со заминувањето на Петер Хофман загубивме човек кој го познаваше и го сакаше Хоенхајм како никој пред него. Неговот дело никогаш нема да биде заборавено. На сите ќе ни недостасува“, порача сопственикот на клубот, Дитмар Хоп.

Хофман е роден во Хофенхајм, а на седум години почна да тренира во пионерските категории на клубот. По завршувањето на играчката кариера, во 1986 година влегува во раководните структури на Хофенхајм, а 10 години подоцна станува претседател, а функцијата ја извршуваше се до смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот