Бугарското МВР ја избриша веста за апсењето на Борисов

Бојко Борисов / AFP / Profimedia

Бугарското Министерство за внатрешни работи ја избриша веста за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов од својата интернет-страница, јави БГНЕС.

Претходно, беше објавено дека полиција влегла во домот на Борисов во Софија и го привела.

Во цела Бугарија во тек е голема заедничка операција на бугарските истражни органи и Европското јавно обвинителство. Се проверуваат досиејата на 120 луѓе, објавија медиумите.

Според досегашните информации, покрај Борисов, приведени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.

– Никој не е над законот, напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на Борисов.

Во меѓувреме, медиумите објавија и дека се забележани собири на приврзаници на ГЕРБ, а пред куќата на Борисов се наоѓаат стотици негови приврзаници.

Бугарската полиција го приведе Бојко Борисов, Петков вели дека никој не е над законот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот