Бугарската полиција го приведе Бојко Борисов, Петков вели дека никој не е над законот

Фото: Бојко Борисов/Фејсбук/принтскрин

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, неговата советничка за медиуми Севдалина Арнаудова, поранешната пратеничка Менда Стојанова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов вечерва се приведени во голема полициска акција, јавуваат бугарските медиуми.

Полицијата влегла во домот на поранешниот премиер во софиската населба Банкја.

Полицајци ги пребаруваат и домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата е „итна проверка”. Истите контроли се вршат и во домовите на претставници на големиот бизнис.

„Никој не е над законот” напиша премиерот Кирил Петков на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот