Адвокатот на Бојко Борисов е пред куќата, не му се дозволува влез: Очекувам и мене да ме задржат

Менко Менков/ Фото: Принтскрин

Пред куќата на поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов, кој вечерва беше уапсен во голема полициска акциа, се собраа голем број на граѓани и поддржувачи на партијата ГЕРБ.

Пред куќата на Борисов во софиската населба Банкја е и неговиот адвокат Менко Менков, кој вели дека не му дозволуваат да влезе.

„Не знам кого да барам. Не можам да контактирам со мојот клиент Бојко Борисов. Не знам кој е внатре, кој врши контрола. Очекувам и мене да ме задржат откако не ме пуштија внатре“, рече адвокатот Менков.

Подоцна бугарската телевизија информираше дека тој успеал да влезе во куќата на Борисов.

Бугарската полиција го приведе Бојко Борисов, Петков вели дека никој не е над законот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот