Бугарското МНР креира мобилна апликација за помош на Бугарите во странство

МНР Бугарија / Фото: МИА

Министерството за надворешни работи на Бугарија започна со работа на креирање мобилна апликација за помош на Бугарите во странство, соопшти прес-центарот на МНР.

Апликацијата ќе дава информации во реално време за ризиците при патување во странство и ќе помогне за брзо поврзување со Центарот за управување со кризи при Министерството за надворешни работи.

Обезбедена е и функционалност за доставување сигнал за помош или евакуација на бугарските државјани погодени од катастрофи во странство.

Иницијативата се спроведува во партнерство со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка во рамките на проектот „Доизградба и опремување на Центарот за управување со кризи во Министерството за надворешни работи на Република Бугарија”, користејќи долгогодишно норвешко искуство во областа.

Во следните 21 месец, во кои ќе се реализира проектот, планирани се и други заеднички активности со норвешката страна. Меѓу нив се семинари за размена на искуства за управување и справување со различни кризи, подобрување на знаењата за одговор на кризи, итни случаи, евакуации и друго.

Проектот „Доизградба и опремување на Центарот за управување со кризи во Министерството за надворешни работи на Република Бугарија” е финансиран од Фондот за билатерални односи во рамките на Норвешкиот финансиски механизам / 2014 – 2021 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот