Бугарските хотелиери бараат персонал од Узбекистан и Бангладеш

Фото: Pexels

Летната сезона ќе пропадне, предупредуваат хотелиерите и работодавачите на јужниот брег на Црното Море. Причината е продлабочувањето на кризата со недостигот на работна сила и кадар за туристички локалитети.

Само на јужниот брег на Црното Море за претстојната сезона се бараат 27.000 вработени. Во меѓувреме, амбасадите во трети земји надвор од ЕУ, од каде чека работна сила, престанаа да примаат документи за обработка и издавање визи. Работодавачите на јужниот брег на Црното Море чекаат повеќе од 5-6 илјади работници од Узбекистан, анализира порталот Новините. Трета година по ред се бараат работници од азиската земја бидејќи имаат стручна подготовка и зборуваат руски, што ја олеснува комуникацијата со нив. Годинава има 30% зголемување на побарувачката на работна сила од Узбекистан. Сепак, досега обработените документи со одобрените визи се многу малку.

Причината – воведување нов шенген систем во амбасадите во трети земји надвор од ЕУ, како и во комплицираните процедури за престој и работна виза повеќе од три месеци. Една недела во нашата амбасада во Узбекистан и во други земји надвор од ЕУ е прекината обработката на документите и издавањето визи, потврди адвокатот Пламен Дотов.

Во Агенцијата за вработување и Дирекцијата за миграција процесот е долг и има доцнење. Годинава особено е зголемен бројот на луѓе кои сакаат да работат во Бугарија, прецизира тој. Работници од Турција и Киргистан веќе влегуваат на туристичкиот пазар во Бургас, објасни Дотов за БНР. Според него, работниците од Узбекистан се многу совесни, многу вредни и речиси и да нема јазична бариера, бидејќи главно зборуваат руски.

Поради доцнењето, Пламен Дотов гледа предуслови за „апсолутен неуспех“ на почетокот на сезоната и ја дефинира ситуацијата како „многу критична“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот