Бугарската привремена влада повторно се врти кон Москва и размислува за нов договор со Газпром

Фото: МИА

Привремената бугарска влада не ја исклучува можноста да преговара за нов долгорочен договор со руски Газпром. Ова меѓудругото го изјави Еленко Божков, привремениот заменик министер за енергетика на земјата, во интервју за бугарската телевизија Нова.

Па така деновиве постојат широко распространети сомневања дека привремената влада на премиерот Гулаб Донев беше избрана од страна на претседателот Румен Радев со „задача“ да ја врати Бугарија под руско влијание, вклучително и да се согласи да го плати рускиот природен гас во рубли, што е кршење на санкциите на ЕУ.

Бугарија го добиваше најголемиот дел од природниот гас од Газпром, но руската компанија ги прекина испораките на крајот на април бидејќи поранешната влада предводена од Кирил Петков одби да почне да плаќа во рубли. Тогаш поранешниот министер за финансии Асен Василев изјави дека Софија нема да преговара за нов договор со руската компанија, пишува БНЕ Њус.

Потоа, владата на Петков обезбеди испорака на 1 милијарда кубни метри природен гас од Азербејџан, при што испораките треба да започнат пред завршувањето на гасната врска Грција-Бугарија, но само една третина од годишната потрошувачка на Бугарија.

Сега Божков, од сегашната влада тврди дека самата Бугарија е одговорна за запирање на снабдувањето на „Газпром“ бидејќи владата на Петков одбила да го плати гасот во рубли. Актуелниот договор со „Газпром“ истекува на крајот на 2022 година.

Во меѓувеме привремената влада на Гулаб Донев размислува за повторно потпишување на долгорочниот договор со Газпром.

„Газпром„ е опција . Во исто време, преговорите со Азербејџан кои ги почна владата на Петков се во прекин додека новиот тим не дознае што е досега договорено – рече рече Божков, додавајќи дека „не гледа ништо лошо во тоа“.

Поранешниот бугарски министер за енергетика Александар Николов во неколку наврати се понуди да му помогне на новиот владин тим со информации за сработеното и какви контакти, но рече дека досега никој од новата влада не контактирал со него. Петков ја обвини новата влада дека намерно го одложува издавањето на последните документи неопходни за целосно да функционира гасниот интерконектор Грција-Бугарија. Откако интерконекторот ќе биде функционален, Бугарија ќе може да ги обезбеди сите свои потреби за природен гас без да го користи снабдувањето на „Газпром“. Иако прашањето за долгорочно снабдување со гас останува неизвесно, владата во Софија рече дека ќе се обидува да купува гас се со цел да ги задоволи непречено краткорочните потреби на Бугарија.

Инаку, според пишувањата на бугарските медиуми, на Бугарија и недостасуваат околу 40 отсто на природен гас што и е потребен за престојната зимската сезона. И покрај тоа што поранешната влада обезбеди седум танкери со течен природен гас (ЛНГ), цистерните, кои Петков ги договори со САД, треба да пристигнат доколку новата привремена влада обезбеди бесплатни места за нивно истоварање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот