Бугарија во писмото до ЕК, сепак остава можност за решение!

Бугарското МНР и официјално испрати соопштение со кое ја информира Европската Комисија дека не може да ја прифати предложената нацрт-рамка за преговори за Северна Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги дава потребните гаранции за исполнување на условите поставени од Бугарија.

Но бугарското МНР попладнево во соопштението заблагодарувајчи му се на германскиот претседател на Советот на ЕУ и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархели за конструктивниот пристап и секојдневната соработка во барањето решение, остава простор за изнаоѓање решение и дословнно вели „кое сепак може да се најде и покрај притисокот на времето“.

Особено е дискутабилна одредбата во соопштението во која се вели дека „Бугарија смета дека е неприфатливо условите поставени на Република Северна Македонија да бидат вклучени во декларацијата на Советот на ЕУ што ја придружува рамката за преговори. Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не дава законски гаранции што Бугарија ги бара.

„Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на која инсистираме“, се вели во Министерството за надворешни работи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот