Буџетот е гломазен и инфлациски, вели Трајко Славески – се зголемува дефицитот и јавниот долг

Фото: Принтскрин

„Не би сакал да верувам дека власта свесно го прави тоа да ја подгрева инфлацијата, но политиките во економијата само го зголемуваат долгот и дефицитот“, рече Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг” на Телевизија 24.

Тој додаде дека можеби станува збор за незнаење на водење на економските политики и јавните финансии.

„Второ – популизам, по инерција да им се угоди на оредени општествени групи во државата со тоа што се штети на најголем дел од граѓаните. Трето – неможност да се задоволат некои апетити кај коалициските партнери, како што се трошењето средства за Коридорот 8 и договорот со „Бехтел и Енка“, а такви проекти во кризни ситуации се одложуваат во најмала рака за некоја година”, вели Славески.

Тој рече дека „буџет кој креира дефицити, треба тие дефицити да ги намали во најскоро можно време, затоа што секој дефицит значи зголемување на јавниот долг“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, вели Славески, укажале дека буџетот е „гломазен и инфлациски“.

„За само две години, односно од крајот на 2021-ва година реализацијата и проекцијата за 2023-та година приходите во буџетот се зголемуваат за една милијарда евра, а раходите за милјарда и сто евра. Споредено со БДП од некаде 12 милијарди евра во Република Македонија тоа е застрашувачка и фрапантна бројка. Со тоа доаѓаме во ситуација кредиторите наскоро да ни кажат стоп, бидејќи вие сте земја која сте задолжена и не сме сигурни дека ќе сте способни понатаму да се задолжувате и плаќате понатму кредитите, сега не сме во ваква ситуација но лесно можеме да се најдеме во ваква ситуација со вакви буџети”, кажа Славески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот