Брзи лекции во Дубаи: Дали Ѓоковиќ го игра најдобриот тенис во кариерата!? (ВИДЕО)

Како никогаш досега првиот светски рекет ги завршува натпреварите, 32-годишниот српски тенисер блеска моментно на турнирот во Дубаи.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето после победата над Карен Хачанов за еден час и осум минути игра.

Претходно во 1/16 финалето Ноле за еден час и 18 минути го елиминираше Денис Новак од Австрија, а во осминафиналето за еден час и една минута го совлада Филип Колшрајбер.

Така, што видливи се брзите неверојатни победи на српскиот ас кој атакува кон титулата во Дубаи.

После победата над Хачанов, Ѓоковиќ доби прашање дали го игра најдобриот тенис во својата кариера, еве што одговори:

– Не знам дали баш така можеме да кажеме, но дефинитивно се чувствувам добро. Играм добро, бидејќи сакам да игра во вечерните часови. Поразлични се условите во текот на денот, беше ветровито по ден, тешко е така да се пронајде ритам и што се однесува до самите удари. Беше тежок мечот против Карен иако мислам дека тој може подобро од тоа што го покажа, но од друга страна јас одиграв одлично – вели Ѓоковиќ.

На прашање дали „ужива или се фокусира кога игра ваков тенис“:

– Да се биде фокусиран е неопходно, но тоа не значи да не уживате. Се обидувам да направам сè што е потребно, да бидам „тука“, да го одработам планот на играта, во истовремено и уживам да се натпреварувам. Сакам да играм во Дубаи – додаде српскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот