Брозовиќ е голем фудбалер, а уште поголем човек: Донира 3.000 евра потребни за операција на млада скопјанка

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Хрватскиот репрезентативец и член на Интер, Марсело Брозовиќ, денеска покажа дека освен што е голем фудбалер, тој е уште поголем човек.

Брозовиќ донираше 3.000 евра за операција на скопјанката Стаменка Трпковска која преку социјалните мрежи побара помош за операција на колкот.

Постот и молбата на Стаменка се појавиле на фан групите на Интер, а Хрватот откако ја видел молбата на фејсбук страниците „Интер Тифоси Балкан“ и на „Интер клуб Македонија“ веднаш реагирал и ги донирал потребните 3.000 евра за да може да биде извршена операцијата.

ГОЛЕМ СИ МАРСЕЛО! Нашите пријатели Inter Tifosi Balkan споделија вест дека на наша сограѓанка и се потребни финансии…

Publiée par Inter Club Macedonia sur Mercredi 17 juin 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот