Британскиот милијардер планира да го прошири бизнисот на цел Балкан

Компанијата објави дека двојно ќе го зголеми својот работен простор во Тузла на 2.300 м2, како и дека ќе вработи уште 15-тина софтверски инженери.

Производот на Virgin Pulse претставуваат единствена и иновативна дигитална платформа која ја користат компаниите и корпорациите од различни индустрии со цел промовирање на здрави животни навики помеѓу своите вработени.

Платформата која е концептирана и развиена во Тузла се користи ширум светот, а меѓу клиентите се наоѓаат и 10 проценти од компаниите кои се наоѓаат на листата на Fortune 500 за најуспешните глобални компании.

Користејќи го нивниот производ, вработените се охрабрдуваат и наградуваат за водење на здрав животен стил, што подразбира воведување физички активности во секојдневниот живот, усвојувањето на здрави навики во исхраната и одржување на квалитетни друштвени интеракции меѓу колегите.

Од Virgin Pulse претходно изјавија дека имаат намера во наредните неколку години да бидат водечка компанија IT секторот, не само во Босна и Херцеговина, туку и во целиот регион.

За потсетување, Брансон претходно ја превзема тузланската компанија Piksel Interactive која вработи околу 100 млади и образовани луѓе, и која со тоа стана дел од групацијата Virgin, па го промени името во Virgin Pulse Bosnia.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот