Брисел затвора кафулиња и барови поради ковид-19

Лица со заштитни маски во Брисел / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Кафулињата и баровите во целиот регион на Брисел од утре ќе бидат затворени еден месец со цел да се запре зголемениот број заразени со новиот коронавирус, соопштија денеска белгиските власти.

Покрај тоа, забрането е конзумирање алкохол на јавни места во 19 општини во регионот.

Рестораните можат да останат отворени. 

Новите мерки се слични на оние што се применуваат во Париз од вторникот.

Белгиската Влада вчера објави дека од петок сите барови и кафулиња ќе престанат да работат во 23 часот во целата земја, а премиерот Александар де Кро истакна дека ситуацијата во Белгија е „загрижувачка”.

Претседателот на регионот Брисел, Руди Верворт и претседателите на 19 општини во тој регион денеска оценија дека овие ограничувања не се доволни за да се запре ширењето на инфекцијата на таа многу густо населена територија од 1,2 милиони жители.

Затворени се и сали за прослави, се вели во соопштението на регионалната влада.

Во Белгија, речиси 2.500 новоинфицирани лица се евидентираат дневно во последните седум дена, што е раст од 57 отсто во споредба со претходната недела. Меѓу десетте општини во земјата каде ширењето е најинтензивно, четири се во регионот на Брисел. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот