Брејк на Торонто во петтиот дуел од финалната серија со Милвоки

Фото: EPA-EFE/WARREN TODA SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Торонто се наоѓаат на чекор до големото финале од НБА-лигата, откако ноќеска славеа триумф на теренот на Милвоки со 105:99.

Во петтиот меч од финалето во Источната конференција, предводник до победата на „репторс” беше Кавај Ленард со 35 поени, девет асистенции и седум скока.

Кај Милвоки најмногу поени постигна Јанис Адетокумбо со 24 поени, надополнети со по шест асистенции и скокови.

Моменталниот резултат во серијата прв до четири победи е 3-2 за канадскиот тим.

Првата шанса за пласман во големото финале Торонто ќе ја има на 26 мај за кога е закажан шестиот натпревар.

Пласман во финалето веќе избори Голден стејт кој воедно е и бранител на шампионскиот трофеј.

https://www.youtube.com/watch?v=IwGfeMrPYmw

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот