Бразил, ОАЕ, Албанија, Гана и Габон избрани за непостојани членки на СБ на ОН

Обединети нации / Фото: Архива

Обединетите нации денеска избраа пет земји за непостојаните места во Советот за безбедност – Бразил, Обединетите Арапски Емирати, Албанија, Гана и Габон, кои поминаа без неизвесност бидејќи ниту една земја немаше противкандидат.

Стекнувањето место во 15-члениот Совет за безбедност се смета за врв на достигнувањето за многу земји, бидејќи им дава силен глас за прашања во однос на меѓународниот мир и безбедност.

Албанија ќе биде во Советот за безбедност по првпат, а Бразил по 11-ти пат, што ќе ја изедначи таа земја со Јапонија во однос на тоа колку пати била во тоа тело со мандат од две години.

Три земји се натпреваруваа за две места кои и припаѓаат на Африка, но Конго се повлече во понеделникот.

Претседателот на Генералното собрание на ООН Волкан Бозкир ги објави резултатите од тајното гласање и им честиташе на победниците.

Новоизбраните членки на Советот за безбедност на ООН ќе го започнат својот мандат на 1 јануари, кога ќе ги заменат петте земји, чиј мандат од две години истекува на 31 декември – Естонија, Нигер, Сент Винсент и Гренадини, Тунис и Виетнам.

Тие ќе им се придружат на постојаните членки на Светска банка – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција и пет непостојани членки избрани минатата година – Индија, Ирска, Кенија, Мексико и Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот