БРАВО ЗА ЦАКО: Од денеска официјално е дипломиран педагог!

Александар Матовски – Цако беше прогласен за херој на годината, по неверојатниот успех кој го постигна заедно со останатите танчери од студиото “Dancers United MK”. По освоеното прво место во Полска, македонската јавност не престана да зборува за него.

Цако, покрај танцувањето, пишува и поезија, има своја радио емисија и е гласен борец за човековите права. Тој е вистински доказ и дека лицата со Даунов синдром можат да постигнат многу работи во животот, и покрај предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.

Денеска, Александар Матовски ја одбрани својата дипломска работа на Педагошкиот факултет во Скопје и со тоа официјално стана дипломиран професор по предучилишно воспитание. Честитките пристигнуваат од сите страни, а на својот Твитер профил се огласи и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која напиша дека “нашиот млад херој уште еднаш ги сруши сите предрасуди”.

Александар е добитник на многу признанија, сертификати и награди за својата работа, а исто така беше избран и да биде дел од самозастапниците на конференцијата посветена на Светскиот ден на Даунов синдром, која се одржа на 21-ви март 2016 година, во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот