Босански полицајци тргнале да апсат дилери, па се заглавиле во лифт – осомничените им побегнале

Фото: Профимедиа

Една полициска акција во Тузла минатиот петок доживеала фијаско. Невообичаената ситуација се случила кога припадници на специјалната полиција, кои имале задача да уапсат двајца дилери, се заглавиле во лифт на станбена зграда. Дилерите кои требало да ги уапсат – избегале.

Според босанскиот портал Кликс, група припадници на Специјалната единица на полициската управа на кантонот Тузла минатиот петок тргнала на задача во која требало да уапсат двајца осомничени за продавање дрога.

Лифтот бил за двајца, во него влегле четворица полицајци

Осомничените биле во стан на 13=от кат од станбена зграда во Тузла. Но, акцијата, како што неофицијално дознава Кликс, тргнала наопаку, бидејќи четворица полицајци се заглавиле во лифт, кој според конструкцијата бил наменет за две лица.

Босанскиот портал наведува дека заглавените полицајци потоа побарале помош, а осомничените дилери таквите информации ги искористиле како можност да избегаат, притоа фрлајќи одредена количина дрога што ја имале со себе.

Дилерите избегале и ја фрлиле дрога

Набргу потоа, заглавените полицајци неповредени излегле од лифтот и се вратиле во просториите на единицата без дилерите, кои сѐ уште се на слобода.

Засега не се знае дали и какви санкции ќе бидат изречени за полицајците. Полициската управа на кантонот Тузла официјално не се огласи за овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот