Борисов свика вонредна седница заради зголемениот број на новозаразени со коронавирус

Бојко Борисов/ Фото: Архива на Слободен Печат

Поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов одржа седница на Владата, на која беше разговарано за натамошните мерки.

– Премиерот Борисов беше информиран дека исклучително внимателно се следи ситуацијата и оти почнува масовна контрола за почитување на мерките, се наведува во соопштението на бугарската Влада.

Бугарското Министерството за здравство на вонредна прес-конференција соопшти дека од утре е задолжително носењето маски во затворен простор односно во продавници, во трговски центри, на спортски настани, како и во кина и театри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот