Борисов до Русија: Ќе бидеме бескомпромисни за националната безбедност
Бугарија ќе биде бескомпромисна во заканата по националната безбедност, наведе бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов.
Бугарското Обвинителство вчера соопшти дека четири експлозии во воени складишта во Бугарија во последните 10 години веројатно извршиле офицери од Генералниот директорат за разузнавање на Русија, јави дописникот на МИА од Софија.
„За среќа, Руската Федерација има многу сериозен амбасадор во Бугарија. Нашата трговија со нив расте и е прекрасна! Но… Вие нема да шпионирате во Бугарија”.
Вицепремиерката во оставка Екатерина Захариева изјави дека Бугарија се стреми кон развој на нормални односи со Русија
– Но, секогаш кога ќе се зафати националната безбедност на Република Бугарија и ќе се преземат активности во кршење на меѓународните ангажмани на двете страни, ние реагираме, така што ќе имаме сериозен, се надевам искрен разговор (со руската амбасадорка во Софија).
Министерството за надворешни работи на Бугарија ја повика на состанок амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова.