Борел на дебата пред европратениците, над 50 од нив бараат негова оставка

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел денеска ќе се појави на дебата пред европратениците по повод неговата посета на Москва од 4 до 6 февруари.

Повеќе од 50 пратеници на Европскиот парламент потпишаа писмо во кое се бара од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да биде разрешен Борел од функцијата доколку сам не поднесе оставка.

Во писмото европратениците ја изразуваат својата загриженост поради „понижувачката ситуација која се случила за време на посетата на Борел на Москва и која според нив во голема мерка ја влошила репутацијата на ЕУ”.

Се оценува дека шефот на европската дипломатија „не бил во можност да се заложи за интересите и вредностите на ЕУ на адекватен начин и направил лоша проценка со своето заминување во Москва”.

Иако досега Фон дер Лајен нема дадено никакво коментар, од ЕК наведуваат дека Борел ја има нејзината целосна поддршка и доверба.

ЕУ и Борел посрамотени во Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот