Борел ги повика медиумите да не ги објавуваат наводните нон пејпери

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, уште еднаш ги демантираше наводите од низата нон пејпери и побара фокус на поважни теми, јави дописничката на МИА до Брисел.
Борел денеска, два дена по Александар Вучиќ, одржа прес-конференција со косовскиот премиер, Албин Курти, на која повторно се поставија прашањата за бројните наводни нон пејпери што циркулираат последниот период и кои предвидуваат прекројување на границите на Западен Балкан.
– Има пролиферација на нон пејпери, во мода е, се чини дека е ако немате нон пејпер не се никој, рече Борел на шега, пред да се префрли на посериозен коментар додавајќи дека не видел ниту еден од овие нон пејпери и дека нема намера да работи врз основа на такви документи.
Тој потсети дека неодамна излезе уште еден нон пејпер во медиумите во кои наводно учествувал негов близок соработник од Службата за надворешна политика на ЕУ. Борел остро ја демантираше оваа информација.
– Морам да го демнатирам ова на најостар начин и да ги замолам медиумите да не ги објавуваат, рече шефот на ЕУ дипломатијата и повика на конструктивност.
Косовскиот премиер Курти порача дека најдобар одговор на овие нон пејпери е да не се коментира и овие документи ги спореди со сценарија од лоша научна фантастика.
Борел и Курти денеска се сретнаа откако првиот човек на европската дипломатија предизвика тензии со Приштина во понеделникот кога ја најави следната рунда преговори помеѓу Белград и Приштина за 11 мај без претходно да побара потврда од косовските власти.
Курти изјави дека следната рунда ќе се одржи во јуни и дека тој има домашни политички обврски пред тоа.
Во првата половина на мај во Брисел ќе се одржи состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан.
– Не го запоставуваме дијалогот и јас ќе се вратам во мај за вечерата со лидерите од Западен Балкан. Со нетрпение ги очекувам следните средби од новото поглавје на дијалогот, можете да сметате на мојата добра волја  за директни контакти, му порача Курти на Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот