„Бони и Клајд“ за сиромашни: Маж и жена ограбиле повозрасен скопјанец во Центар

скопје човек пешак загадување
фото: ЕПА/ЕФЕ/Ѓорѓи Личовски

66-годишен скопјанец пријавил во полиција дека вчера, половина час по полноќ, маж и жена го нападнале и го ограбиле во центарот на главниот град.

„На 14.10.2021 во 16.45 часот во СВР Скопје, В.П.(66) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице, кое заедно со уште едно женско лице му одзеле пари и предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во кусото полициско соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот