Богоевски: Данела сепак ќе троши во време на криза

Фото: Утрински брифинг/Слободен печат

„Данела објави дека сепак ќе го украсува Скопје. Наводно, фирмата Линк Медиа бесплатно ќе го украси градот“, пишува во објава на Фејсбук поранешниот пратеник од СДСМ Павле Богоевски.

„Тука се важни две работи:
1. Паралелно со бесплатното украсување, Град Скопје објави јавен повик за новогодишен базар Винтерленд, за кој градот ќе обезбеди сретства. Ова е директно спротивно на ветувањето на Данела дека “нема да троши пари на граѓаните за Нова Година во време на криза”;
2. Ништо не е бесплатно во политиката. Во каква форма ќе ни биде испорачана оваа сметка, допрва ќе видиме“, пишува Богоевски.

„Ама добро де, барем не се однесуваше арогантно со новинарите. Можеби дека објавата ја направи преку видео на фб, повторно и целосно игнорирајќи ги, ама тоа изгледа е помалку важно во приказнава“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот