Блокотехна во финалето на БИБЛ лигата

Екипата на Блокотехна обезбеди пласман во финалето на БИБЛ лигата откако во полуфиналната пресметка го совлада бугарскиот тим Академик Бултекс со 79:74 на завршниот Ф4 турнир кој се игра во Приштина. Противник на македонскиот тим ќе биде организаторот на турнирот, екипата на Теута која во второто полуфинале беше поуспешна од Берое победувајќи со 80:68.

Иако Блокотехна во Приштина допатува без неколку стандардни првотимци, избраниците на Марјан Илиевски одиграа одлично и во неизвесна завршница дојдоа до победата и прв пласман во финалето.
Бугарскиот тим подобро го започна натпреварот, брзо дојде до предност која ја одржуваше до крајот на полувремето кога Блокотехна со серија од 5:0 дојде до водство со кое замина на одмор (41:40).

Во второто полувреме, резултатската неизведност беше присутна до самиот крај но овој пат кошаркарите на Блокотехна ја имаа контролата врз резултатот и во пенал завршница дојдоа до победата вредна финале.

Младеновиќ со 22 поени беше најпрецизен во редовите на Блокотехна, а одлично одиграа и Пен со 18 и Глигоријевиќ со 17 поени.
Финалниот натпревар се игра утре со почеток во 19 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот