Блинкен: САД сакаат постабилни и попрофитабилни односи со Русија

Ентони Блинкен / Фото: EPA/LYNN BO BO

САД се надеваат на постабилни и попрофитабилни односи со Русија, но ако таа продолжи да „напаѓа” тогаш Вашингтон ќе одговори, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за римскиот дневен весник „Ла Република”.

-Ако Русија продолжи да не напаѓа или да дејствува против нас преку напади, како што е „SolarWind”, мешањето во нашите избори или спроведува агресија кон Навални, тогаш ние ќе одговориме, рече Блинкен, повикувајќи се на кибер нападите врз американски компании и улогата на притворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Кина е „најкомплицирана” кога станува збор за односите, кажа американскиот државен секретар, но додаде дека САД нема да побараат ниту една нација да избере помеѓу двете земји.

-Сепак, вистина е дека ако делуваме заедно тогаш сме многу поефикасни во нашите односи со Кина – без разлика дали сме противник, ривал или партнер, додаде Блинкен.

Блинкен се наоѓа на еднонеделна турнеја, во чии рамки ги посети Берлин, Париз, Рим и Бари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот