Блинкен: Лидеритe на БиХ да престанат со поделбите и да започнат реформи за евроатлантските интеграции

Ентони Блинкен /Фото: EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен испрати денеска „топли” честитки до народот на БиХ при одбележувањето на Денот на државноста на земјата и истакна дека земјата поминува низ клучно време од својата историја.

Босна и Херцеговина се наоѓа во значаен момент од својата историја и во претстојните недели и месеци лидерите на земјата имаат можност да ја окончаат политиката на поделби и да формираат стабилни и функционални влади кои можат да започнат реформи потребни да обезбедат правично место на земјата во евроатлантската заедница, изјави Блинкен.

Додаде дека „САД продолжуваат со силната подршка на суверенитеот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на земјата. Се радувам на зацврстување на нашето партнерство во претстојните месеци за безбедност, енергатска деверсификација и борба со корупцијата”.

САД остануваат посветени во помошта за Босна и Херцеговина за унапредување на целите за посигирна, мирна и просперитетна иднина за сите, рече Блинкен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот