Блинкен: Дијалогот со посредство на ЕУ е единствениот механизам за подобрување на односите меѓу Белград и Приштина

U.S. Secretary of State Antony Blinken

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека дијалогот со посредство на Европската унија е единствениот одржлив механизам за подобрување на односите меѓу Белград и Приштина.

„Треба да видиме добра волја и конструктивен пристап и од Косово и од Србија за да се стабилизираат односите“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со австрискиот премиер Александар Шаленберг во Виена.

Тој додаде дека двете страни треба да работат на намалување на тензиите, подобрување на соработката со меѓународните партнери и зголемување на транспарентноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот