БИЗАРНИ ВЕСТИ ОД СОСЕДСТВОТО: Ја прогласиле за МРТВА, па таа ги отворила очите и ги исплашила сите

Една година откако лекар во итната помош во Кикинда прогласи 70-годишна жена за мртва, а таа се разбуди неколку часа подоцна, во истата болница се случил сличен бизарен случај.

Овојпат за мртва била прогласена 89-годишна жена, која ја прегледал доктор од итната помош од истата болница во Кикинда. Нејзиното семејство повикало погребник да ја подготви, а еден од роднините побарал тој да ги извади нејзините златни обетки.

Кога погребникот го направил тоа, жената ги отворила очите и го погледнала, преплашувајќи го и него, но и сите присутни.

Откако е констатирано дека жената е жива, семејството повторно повикало итна помош, по што старицата е сместена во одделот за неврологија.

Претходно, семејството веќе се подготвувало за погреб. Според нејзиното семејство, таа веќе ги има погребано двајцата поранешни сопрузи и четворицата синови кои ги добила од двата брака.

Се очекува официјално соопштение од болницата, откако директорката најавила дека денеска ќе излезе со изјава за тамошните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот