БИЗАРНА ТЕРАПИЈА: Детската зависност од мобилни телефони ја надминуваат со кокошки!

Фото: Профимедиа

Локалните власти во индонезискиот град Бандунг на западниот дел на островот Јава, сметаат дека природата може да им помогне на децата да се ослободат од зависностите, како што е Интернетот и паметните телефони.

Поради ова, стартуваа програма со која ќе се обидат децата да ги чуваат подалеку од паметните телефони со тоа што им подаруваат кокошки и чили семе, со цел да се посветат на садењето и грижата за своето ново милениче, наместо да „типкаат“ на телефоните.

Повеќе од светскиот просек

За проектот во Бандунг, град кој е 150 км оддалеченен од индонезиската престолнина Џакарта, во десет основни училишта се поделени 2.000 кокошки и 1.500 чили семиња.

Градоначалникот Одед М. Даниел кој ја спровел симболичката церемонија за доделување кокошки и семиња, е со надеж дека со овој потег ќе ја намали зависноста од електронските удреди кај децата, но додал дека, ќе биде потребно време додека наставниците ги проучат ефектите од проектот.

Просечен корисник на Интернет во Индонезија поминува околу осум часа и 36 минути на Интернет, што е дури два часа повеќе од глобалниот просек според податоците од Глобалниот дигитален извештај за 2019 година.

Кокошизација

Некои родители го поддржуваат проектот „кокошизација“, како што го нарекле тамошните мештани.

-Добро е што на овој начин се поттикнува дисциплината кај децата. Грижата за животните и растенијате е многу поважна задача, отколку да се игра преку Интернет- вели една мајка, на чии деца им беа подарени кокошки и семиња.

Децата имаат различни планови со своите нови миленици. Една девојче од петто одделение, вели дека има намера да ја спари кокошката со петел и да започне бизнис со одгледување кокошки. Друга пак, ученичка од седмо одделение ќе ја храни кокошката додека не биде доволно дебела за да ја подготви за вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот