БИВШИОТ СОПРУГ ОСТАР: Од Северина остана само името… – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

БИВШИОТ СОПРУГ ОСТАР: Од Северина остана само името…

Милан Поповиќ тврди дека Северина лаже и манипулира со јавноста

„Еден ден сите лаги ќе ѝ се удрат од глава“, изјавил поранешниот сопруг на Северина, Милан Поповиќ.

Тој и пејачката веќе пет години водат битка за старателството над синот Александар. Милан открива дека Северина му испратила шокирачки мејл, во кој го нарекува со најразлични имиња и навреди.

Прашан за нивниот однос, тој кажал:

„Каков однос? Немаме никаков однос. Најлошо беше додека уште бевме заедно, кога видов која е всушност Северина. Не верував дека некој толку долго може да се прикажува со лажно лице. Мислев дека е нешто минливо, но тоа не минеше со месеци.“

Тој исто ги демантира и наводите дека е доволно моќен за да ѝ го одземе старателството на Северина.

„Таа манипулира со јавното мислење, лаже дека е жртва, бара поддршка од јавноста, затоа што ѝ се може и така подобро се чувствува. Тоа се лаги кои ќе ѝ се удрат од глава“, изјавил Поповиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close