-7 C
Скопје

Битиќи-Дукс: Економската соработка се развива во позитивна насока

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, со кого разговараше за актуелните состојби поврзани со мерките за поддршка на економијата во услови на пандемија, како и за економската соработка и поддршката што Унгарија и ја дава на земјава во процесот на пристапување кон ЕУ.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, се согласиле дека економската соработка се развива во позитивна насока и оти само за неколку години Унгарија станала 9-ти трговски партнер, искачувајќи се од 27-то место.

Битиќи и Дукс разговарале и за можноста за унапредување на соработката за што вицепремиерот посочи дека во земјата ќе се реализираат голем број крупни проекти за развој на железничката и патната инфраструктура, енергетиката и за заштита на животната средина и управување со водни ресурси, за кои постои искуство и знаење кај унгарските компании.

Прочитајте и...  Според испратените СМС пораки: Паркингот на Водно викендот го искористиле 665 возила

Битиќи нагласил дека соработката со земјите членки на ЕУ, останува врвен приоритет на Владата и додал дека се надева на поддршка од Унгарија во процесот на преговори и пристапување кон ЕУ. Според Битиќи, треба да се искористат унгарските искуства во процесот на привлекување на фондови за развојни проекти во земјава.

Амбасадорот Дукс го реафирмирал ставот дека Северна Македонија може да очекува помош и поддршка од Унгарија во пристапниот процес, а заедно со вицепремиерот Битиќи се заложиле да продолжат со интензивна комуникација во насока на унапредување на меѓудржавната економска соработка и поефикасното интегрирање на земјава во ЕУ. 

 

Поврзани вести

Осуденик чекал погубување, па му го одложиле: Не успеале да набават инјекција

Слободен печат

Од денеска до 3 декември во Скопје: Деветти Самит на „Македонија 2025″

Слободен печат

Дебата за спроведување на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Слободен печат

Собраниска Комисија за финансирање и буџет: Продолжува амандманската расправа за државната каса за 2021 година

Слободен печат

Пораки од канцеларката Меркел: Сè уште има шанса за прва меѓувладина конференција со С. Македонија до крај на годината

Слободен печат

Контроверзниот доктор кој беше член на тимот на Трамп за борба против ковид-19 поднесе оставка

Слободен печат

Остави Коментар