„Билд“ го откри името на новиот тренер, претставувањето ќе биде во јануари

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Германскиот шампион моментно го предводи Ханс Флик, кој зареди со добри резултати откако дојде на местото на Нико Ковач. Сепак, се очекува Флик да биде прв тренер на баварците само до јануари.
Баерн Минхен по отказот на Ковач се обиде да донесе звучно тренерско име, се шпекулираше за Масимилијано Алегри, Жозе Мурињо, Арсен Венгер па дури и Пеп Гвардиола, а најсериозен кандидат беше Ерик тен Хаг од Ајакс.

Баварците се надеваа дека имаат адут во податокот дека Тен Хаг веќе работеше во Баерн како помошник на Гвардиола, но не очекуваа тој да да им порача дека е заинтересиран да седне на клупата по завршувањето на сезоната.

Поради тоа, челниците на Баерн одлучија Ханс Флик да остане на клупата до јануари кога ќе биде претставувањето на новиот тренер.

Според „Билд“ кој ретко греши кога станува збор за информации поврзани со Баерн Минхен, нов тренер ќе биде Маурицио Покетино.

Аргентинецот минатата недела доби отказ од Тотенхем и моментно е без ангажман. „Билд“ пишува дека спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ
во текот на наредните денови ќе ги има клучните разговори со Покетино кој е заинтересиран да седне на клупата на германскиот гигант и работата е речиси завршена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот