Без вода дел од општина Гази Баба

Илустрација: Пиксабеј

Со почеток во 8 часот денеска без вода ќе бидат корисниците на улиците „512“, „515“, „516“, „520“, „Ист Гејт Мол“ , објектот на Топлификација, објектот на општина Гази Баба, хотел „Континентал“, булевар „Александар Македонски“, улица „808“, Скопска Пивара, Алкалоид, ЈСП „Скопје“ и „Кока Кола“.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затворач ф-600 милиметри на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ и „Шеснаесетта македонска бригада“. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со активностите.

Намален притисок од 8 часот ќе имаат дел од корисниците од булеварот „Киро Глигоров“ и дел од населбите Автокоманда, Хиподром, Маџари, Ченто, Трубарево и Стајковци.

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Беласица“, „Хусеин Бајрам“, дел од кеј „Димитар Влахов“ и улиците „164“, „165“, „166“ и „171“ во близина на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.
Прекинот е поради промена на затворач ф-600 милиметри на улицата „Беласица“ без број. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот