Без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром - Слободен печат
ВестиСкопје

Без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром

Утре во периодот од 16 до 17 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од поранешната зграда на „Метропол“ на плоштадот – „Македонија" во Центар.

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општина Центар, а задутре делови од општините Кисела Вода, Центар и Аеродром.

Утре во периодот од 16 до 17 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од поранешната зграда на „Метропол“ на плоштадот – „Македонија” во Центар.

Во вторник, пак, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат од 8:30 до 14:30 часот корисниците од дел од улица „Милан Мијалковиќ” во општина Кисела Вода, од 10:30 до 15:00 часот корисниците од улицата „Христо Смирненски” бр. 38. во општина Центар и од 11:30 до 14 часот корисниците од дел од улиците „Богомилски Поход” и „Ѓорѓи Андреевиќ Кун” во општина Аеродром.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close